Груевски: Деструктивноста на СДСМ ни помогна да ја зацврстиме поддршката кај граѓаните

Од:

Наспроти ВМРО-ДПМНЕ опозицијата во изминатите четири години делуваше деструктивно, без сериозна програма ниту со тим кој влева доверба, ниту пак се реформираше и кадровски и суштински што ни помогна поцврсто да ја освојуваме подршката на мнозинството граѓани, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски во обраќањето на 15. Конгрес на партијата во Куманово.

– Делуваа деструктивно, и сметаа, и се уште сметаат, дека ќе загубиме бидејки во еден момент ќе му здосадиме на народот, и само заради тоа ним ќе им ја врати довербата, онака нереформирани и без издржана визија. Ако нешто од нив се памти во овие четири години се навреди, омаловажувања, интриги, конфликти, закани, манипулации, а во последно време и монтажи. Оваа нивна дезориентираност и деструктивност само ни помогна поцврсто да ја освојуваме поддршката на мнозинството граѓани, рече Груевски.

Она што е карактеристично за нас во овој изминат четиригодишен период, додаде тој, е што и покрај некои пропусти, грешки и застранувања, генерално успеавме да се задржиме на земја, заедно со и меѓу народот.

– Народот знае да е и крајно толерантен за одредени грешки и пропусти, па и по некои неисполнети ветувања, се додека не констатира, дека партијата или политичарите која ја поддржал сериозно ги изневерила очекувањата и пред се ветувањата. Тогаш следува казната. Па како и секаде во светот и во секоја демократија и нам тоа ни беше и ќе продолжи да ни биде еден од најголемите предизвици, но и обврски, рече Груевски посочувајќи дека не се иззема ниту себеси од ситуацијата.

– И јас сум човек, кој работи и греши. И затоа никогаш, моите соработници тоа добро го знаат, никогаш не сум обесхрабрил на состаноците нечија добронамерна дискусија со забелесшки кон моите предлози и идеи по одредени прашања, а истите најдобро знаат колку пати по ислушана добра аргументација сум се откажувал од моите ставови и сум прифаќал нечии поквалитетни. Знаете, да не почнеме да си збориме сами за себе дека господ не црпнал од некаде оти сме нешто посебно, и слични работи, бидејки тоа се првите сериозни симпоми на одлепеност од реалноста. Заради тоа, меѓудругото, повремено се потребни и  освежувања на функционерските места, со можност дел од сменетите повторно во иднина да добијат некоја значајна одговорност, доколку ја заслужуваат, истакна Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време