Груевски денеска, Петрески на 7 ноември ќе го пуштаат во употреба истот пат, од Лескоец до Скребатно

Од:

Премиерот Груевски денеска ќе го пушти патниот правец од селото Лескоец до селото Скребатно. На ова реагираат од општината Охрид, од каде велат дека за ситно партиски цели , премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски , свечено ќе го пушти во употреба реконструираниот пат од Лескоец до Скребатно , најавувајќи дека патот е инвестиција на Владата на Република Македонија.

„Јавноста треба да знае дека овој пат го градеше Општина Охрид , го реконструираше и го асвалтираше со свои свредства кои се двојно повеќе отколку средствата за кои владата вели дека се нивни , а всушност се кредит од Европската банка за обнова и развој“ велат од општината.

Патот од Лескоец до селото Скребатно е изграден и асфалтиран во 1996 година , до манастирскиот комплекс е завршен во 2000 година, а во 2012 година беше проширен , реконструиран и асфалтиран. Општина Охрид изготви проект, издаде градежна дозвола и аплицираше пред Европската банка за обнова и развој при што за проширување и асфалтирање добиен е кредит од 500.000 евра , а Локалната самоуправа во овој пат досега има вложено околу милион евра. Чесно е да се каже дека во изградбата на патот со свои прилози учествуваа и верниците кои во текот на целата година го посетуваат манастирскиот комплекс во Скребатно, велат од општината во Охрид.

„Смеаме за потребно да ја информираме јавноста дека денешното отворање на патот од страна на премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груески е чиста манипулација со граѓаните и народски речено „ китење со туѓо перје“ . Граѓаните очекуваа дека Никола Груески , денеска свечено ќе го отвори автопатот од Гостивар до Охрид кој им го имаше ветено на граѓаните уште во 2006 година“ велат од општина Охрид

Од Локалната самоуправа најавуваат дека тие пак свечено ќе го пуштат во употреба патот од Лескоец до Скребатно на 7- ми ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on