Груевски: Деловникот во Собранието го крши СДСМ

Од:

Ниту една опозиција во светот на ваков начин не се обидува да ги решава проблемите, односно да ги наметнува своите идеи и програми кои не поминале на избори. Нема случај со физичка блокада, закани за тепање, тегнење микрофони и не давање на пратениците да говорат и на тој начин да си ги остварат своите цели, потенцира премиерот Груевски денеска по средбата со лидерите на партиите од Коалицијата за позобра Македонија.

Во нормална демократија, подвлече Груевски тоа го нема, се повикуваат на тоа дека бил прекршен Деловникот со тоа што заседава собраниската Законодавно-правна комисија.

– Го проверив тоа случајно да не има такво нешто. Ми беше објаснето дека тоа не е точно и оти се работи соглсно Деловникот и оти тој не се прекрушува во ниту еден момент. Деловникот се прекршува од нивна страна со тоа што физички и брутално ги одземаат микрофоните од нашите пратеници со цел да ги спречат да се расправа по предложените амандмани, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница