Груевски: Црвенковски и по утрешниот конгрес од позадина ќе ја води СДСМ

Од:

Повеќе од јасно е дека кој и да победи на утрешниот конгрес на опозициската СДСМ повторно Бранко Црвенковски од позадина ќе ја раководи партијата, изјави денеска претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– Таму е повеќе од јасно дека кој и да победи од овие кандидати, според нивното однесување досега, тоа ќе биде ситуација во која повторно Бранко Црвенковски од позадина ќе ја раководи партијата затоа што се гледа дека тие повеќе во овој период се борат за милоста на Црвенковски отколку за што било друго, рече Груевски кој беше во обиколка на изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица, дел од Коридорот 10.

Главната борба, потенцира премиерот, е кого ќе го поддржи Бранко Црвенковски не само на конгресот, туку и после конгресот, односно кој ќе биде негов параван.

Опозициската СДСМ утре ќе одржи 14. редовен конгрес на кој треба да биде избран претседател, Централен и Надзорен одбор на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски