Груевски: Црвенковски го опустоши Штип

Од:

„Заминуваат за Штип град кој во времето на Бранко Црвенковски беше опустошен со транзицијата и со затварањето на текстилни фабрики кога илјадници луѓе останаа без работа.

Ќе му биде тешко да објасни зошто во негово време не беше направено тоа што ВМРО ДПМНЕ го направи а тоа е отворањето на слободна економска зона и првата инвестиција која се гради – меѓународната компанија Џонсон Контролс која ќе обезбеди вработување за 1 400 луѓе. Црвенковски со стар кадар ќе се обиде да ги привлече гласачите на Штип но мислам дека нема да му тргне од рака“, ја коментираше Груевски посетата на СДСМ на овој град.

„Уште додека бевме во опозиција ВМРО-ДПМНЕ предлагаше, а СДСМ тогаш со мнозинство во Парламентот одбиваше, но и подоцна кога го формиравме Универзитетот тие не беа негови поддржувачи.

– Универзитет кој на некој начин го заживеа градот, донесе илјадници млади луѓе од цела источна Македонија и го направи центар на источна Македонија во делот на образованието и практично им помогна на многу штипјани на различен начин да дојдат до подобар квалитет на живот“, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски