Груевски: Црвенковски да се подготви за дуел со историјата

Од:

Премиерот Никола Груевски на вчерашното интервју во емисијата Х/О на Канал 5 одговорајќи на прашањето дали ќе прифати дуел со лидерот на СДСМ, рече дека Бранко Црвенковски треба да се подготви за дуел со историјата.

„Црвенковски нека се подготви за дуел со историјата. Со мене има секојдневни дуели ако мислите на политички натпревар и постојано излегување на избори и постојани порази. Нека се подготви за дуел со историјата. Неговиот дуел е со историјата“, рече Груевски.

Груевски во интервјуто рече дека граѓаните на овие избори ќе ја казнат и поразат здружената опозиција.

„Тие зборуваат за источен фронт, за широк фронт, за не знам каков фронт. Второ, ќе ми биде посебно задоволство, здружувањето од една страна на Црвенковски, Андов и Тито Петковски и од друга страна Георгиевски и Стојанче Ангелов и остатоците од партијата на Бошковски. Може и Мендух Тачи. Сите заедно на куп да си го чујат мислењето на граѓаните на Република Македонија. На купче. Да видат што направиле, каква доверба имаат, колку луѓето го ценат тоа што го сработиле во животот и да видат дали луѓето забораваат или не“, изјави премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?