Пред споменикот на Методија Андонов Ченто, на скопскиот плоштад, премиерот Никола Груевски порача дека не треба да се намалува бројот на пратеници од дијаспората, туку треба да се триплира.
-Не потценувајте ја дијаспората, најновите притисоци кон нас за да се елиминираат гласовите на дијаспората ќе ја оддалечи оваа структура на луѓе од нас која и помага на Македонија. Барањето да се сведе работата на ниеден или само на еден пратеник од дијаспората ќе упати погрешен сигнал. Ако јас се прашувам, бројот на пратеници од дијаспората треба да се триплира, а не да се намалува. Дијаспората не само што испраќа средства за своите во Македонија , туку помага и со инвестииции, лобирања. Различни структури на дијаспората ни помагаа за многу инвестииции во странство. Без разлика што мал број гласаат, ќе ги погоди тоа ако не гласаат, не само тие што гласат туку и тие што досега не гласале. Нивното присуство во парламентот им значи, рече Груевски.
Тој во говорот, во едно ги стави илинденците и сегашната власт-заендичко им било што и на едните и на другите им се оспорувал успехот.
-Стремејќи се кон повисоките цели, за народот да има работа, фабрики, нови патишта, да напредуваме во спорот, туризмот, во секој област дејствуваме со неисцрпна енергија. Земаме пример од најдобрите, се трудиме да ја доближиме Македонија до најуспешните во светот на секое поле. Тоа бара многу работа, пропратена со многу препреки и проблеми. Успехот може да биде оспорен, но тоа е кратко, тоа е капка во море. Го спорат успехот на Илинденците, го спорат и нашиот успех, но тој не може да се скрие-новите фабрики, работни места, перспективи, судските реформи, во здравството, новите можности во образованието, помагањето на пензионерите, градбата на патиштата, аеродромите, тракторите, се за овој народ, рече Груевски.
Ние цврсто ќе останеме на патот на Илинденците и антифашистите, имаме уште многу што да покажеме, уште многу проекти, а ветувањето мора да се исполни, затоа што и илинденците и антифашистите дадоа ветување. Последната од нашите крупни предизвици се препораките на ЕУ поврзани со полглавјата 23 и 24 на кои силно работиме, за да го зајакнеме доброто функционирање на државниот систем.
Следното лето е следниот самит на НАТО, ќе работиме силно да ја оставриме таа цел, рече Груевски.