А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Бранко е како Гадафи, граѓаните да размислат дали Македонија или Бранко се побитни

by А1он25/12/2012 - 15:55271
Share0

Бранко Црвенковски продолжува во стилот на Гадафи. Продолжува да живее во еден свој свет со сериозна доза на алтруизам, живеење во еден свој свет каде што верува дека целиот народ е со него, дека сите го поддржуваат и дека треба на сила да се заземе власта, оцени премиерот Никола Груевски.

Добивај вести на вибер

Одговарајќи на новинарско прашање за навредите од лидерот на СДСМ упатени до него, Груевски по промоција на 13 нови наслови од различни области, од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“, рече дека од она што го разбрал од изјавата, Црвенковски нема барања.

– Тој денеска не изнесе барања, туку единствено сака да дојде на власт и дека тоа ќе го прави на насилен пат, со блокади, со уцени, собирање народ, со вжештување на атмосферата со вртење на луѓето едни против други, со немири, и секакви проблеми со кои еве и вчера се обиде да направи, обидувајќи се да влезе во Парламентот и со насилство да го запоседне, рече претседателот на Владата.

Тој смета дека Црвенковски влегува во една фаза во која целосно го има изгубено чувството за реалност.

– Тој отворено кажува дека цврсто е решен да се врати на власт со примена на насилство, со тепање како што вчера се обиде кога тргна кон пензионерите, земјоделците, студентите и кон сите оние што беа на другата страна. Од тој апсект загрижува неговото однесување, тоа е лошо за демократијата. Тоа е една патолошка зависност од власт. И кога зборувам патолошка, тоа е многу опасно, нагласи Груевски.

За демократијата, додаде, нормално е некој да демонстрира или на некој начин да штрајкува се додека не се употреби насилство. Во оној момент кога ќе се употреби насилство тоа е веќе кршење на законите и Уставот, рушење на имиџот на државата, правење лоша слика за земјата.

– Забележувам дека во сите настани кои го рушат имиџот на државата во последните години директно учествува самиот Бранко Црвенковски. Останува на неговото членство да оцени и да одбере дали ќе го вложи својот личен капацитет и углед. Секој човек поединечно си има свој углед заради кариерата на еден човек кој живее во еден свој свет и има изгубено чувство за реалност или ќе одбере Македонија која прави напредок и реформи и Македонија во која се спроведуваат проекти.
Премиерот упати апел до членовите на СДСМ да ја согледаат ситуацијата во која ги води нивниот лидерр, во која, како што рече, нема ниту барања, туку по која било цена да се врати на власт.

– Кажува јасно дека доколку нема друг начин ќе оди на сила и на сила ќе се враќа на власт. Не го интересира ниту имиџ на држава, ниту народот, ниту дали тоа народот го поддржува, ни демократските процеси како ќе се одвиваат понатаму, ниту дали некој ќе настрада, дали ќе го загуби животот во некои такви пресметки што се најавуваат, дали некој ќе биде повреден. Тотално ништо не го интересира, подвлече Груевски.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:50

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 12:2901/12/2025 - 12:29

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

Катерина Ѓуровски29/11/2025 - 10:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен