Груевски: Бесплатно лекување за сите со ниски пензии

Од:

Од први јануари пензионерите кои земаат пензии помали од просечната пензија во државата ќе се лекуваат бесплатно. Веста ја соопшти премиерот Никола Груевски, според кого покрај зголемувањето на пензиите во минатото и бесплатното заминување на бања, ова претставува уште една мерка со која им се помага на пензионерите, а која мерка претставува исполнување на изборното ветување.

„Пензионерите кои земаат пензија помала од просечната ќе добијат целосно бесплатно болничко лекување без плаќање партиципација, бесплатна терапија и други пропратни работи што болниот може да ги има и со кои може да се судри. Партиципацијата од 20 проценти за болничко лекување нема да постои за сите што имаат пензија помала од просечната. Ова беше наше изборно ветување внесено во Програмата која им ја понудивме на граѓаните, следува негова реализација“, рече Груевски.

Груевски рече дека во меѓувреме Министерството за здравство ќе треба да подготви специјална програма за спроведување на оваа владина мерка.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти