Груевски: Ајде да седнеме и да разговараме

Од:

Премиерот Никола Груевски од Мечкин Камен ги повика Обединете Нации на промена на форматот на разговорите со Грција, односно вклучување на експерти за решавање на спорот, како и да се најде некој во Европа која ќе го натера јужниот сосед да седна на преговарачката маса.

-Како да решиме спор ако не разговараме, ако никој освен нас не е директно мотивиран овој спор да се реши?

– Ајде да седнеме и да разговараме. Еве уште еднаш ја користам приликата на овој наш голем празник, историски ден, за да повикам на промена на форматот на разговорите за изнаоѓање решение, односно носители на одговорните тимови на двете земји да бидат премиерите, и да се обидеме заедно да дојдеме до некое за двете страни прифатливо решение, крајниот збор секако и секогаш ќе го имаат граѓаните на организиран референдум и тоа е обврска од која ниту еден политичар, партија или поединец не смее да бега, повика македонскиот премиер Груевски.

Провокации има, и од внатре и од надвор, ама ние не се плашиме. Со цел забрзување на процесот, на сите засегнати страни размислувам да се обратам до ОН со став за промена на форматот на разговорите, со кој би се следел примерот на Србија и Косово. И сега сум убеден доколку пред 5 или 6 години некој имаше скепса дека нашиот јужен сосед не сака да разговара, сега на сите им е тоа јасно. Јас ќе повикам да го натера некој нашиот сосед да разговара, рече Груевски.

Тој во својот говор со критика на негативните извештаи од Европската Унија за судството, медиумите, и со став дека тоа се прави поради неможноста да се реши вистинскиот проблем.

Наместо да трошат енергија измислувајќи недостатоци за судството, медиумите, нека ги убедат нашите соседи да седнат и да разговаараат со нас, рече Груевски.

Според него, Македонија е подобра во некои сфери од одделни членки на ЕУ и НАТО.

И конечно по 4 години признанија за напредок во сите сфери, неуверливо е кога ќе се смени реториката и ќе се поплука се што било кажано. Затоа велам да се фокусираме на главниот проблем, а не да измислуваме нови проблеми, рече Груевски на Мечкин Камен.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август

Сиљановска Давкова во Пелинце ќе го одбележи Илинден, Мицкоски во Крушево, Гаши во Скопје

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on