Груевски – Ахмети апелираат за воздржување од провокации

Од:

Груевски и Ахмети апелираат за воздржување од провокации, стои во соопштението по средбата  Груевски- Ахмети.

Соопштението  вообичаено по ваквите средби, без никакви детали или конкретности за она што ја интесира јавнсота. За законот за бранители и 15.000 амандмани од ДУИ на закон предложен од ВМРО-ДПМНЕ, за прославата среде Скопје на Денот за албанското знаме, за зачестените меѓуетнички провокации.

Еве што стои во соопштението:

Интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО е стратешка определба кон чие исполнување се пристапува со максимална посветеност, одговорен пристап и иницијативност, во духот на европските вредности. Во пресрет на Самитот на Европскиот совет на кој се очекува дискусија за перспективата на нашата земја, двајцата лидери ја потврдија посветеноста за реформи и прогрес, согласно приоритетите превземени од Високиот дијалог, а кои досега успешно се реализираа, истовремено и истакнувајќи ја идејата за интегрирање на Република Македонија во Европската унија, како силен општествен, кохезивен фактор.

Владините партнери се посветени на спроведување на реформите и проектите содржани во програмата на Владата, кои се од интерес за граѓаните на Република Македонија и се од интерес за европската и евроатлантската интеграција на земјата, владеењето на правото и основните човекови права и слободи.

Се истакна дека градењето на добрососедски односи е од интерес на земјата и истото треба да продолжи со несмален интензитет, врз основа на принципите на меѓусебно уважување и почитување со сите наши соседи.
Во однос на меѓуетничките односи двајцата лидери се осврнаа на настаните поврзани со прославата на албанското знаме, а на кои во повеќе наврати во јавноста се гледаше како на провокација.

И двајцата се согласија дека мултиетничкиот и мултирелигискиот соживот се од значење за развојот на општеството. Заедниците треба да се почитуваат, уважуваат и да соработуваат. Владините партнери ценат дека секоја заедница треба да го почитува идентитетот на останатите заедници, кои живеат во земјата и дека заедниците имаат право да го изразуваат својот идентитет на начин кој нема да ги вознемири или пак повреди чувствата на припадниците на другите етнички заедници или пак државниот интерес, согласно Уставот и законите. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија се неприкосновени и се гарантирани од државата.

Двајцата се обврзаа да ги искористат своите авторитети и можности да влијаат во надминување на овие предизвици, во духот на почитување, толеранција и меѓусебно разбирање. Република Македонија е правна држава и Законите и Уставот мора да се почитуваат доследно и од сите.

Свесни дека најголемата одговорност во делот на меѓуетничките односи лежи во рацете на политичките елити, а посебно на политичарите кои ја имаат добиено поголемата доверба од граѓаните, двајцата се обврзаа дека ќе сторат максимум за спречување на било какви обиди од злоупотреба и погрешно интерпретирање на постапки, кои се од сферата на меѓуетничките односи.

Идентитетските прашања не треба да се доведуваат во корелација со ништо друго освен со идентитетот, кој е избор на самите заедници. Поединци или субјекти, не треба да создаваат тензија или пак разгоруваат недоверба преку работите кои се од емоционално значење за некоја заедница, како ословување на јазикот, нацијата, името, употребата на симболите .

Владините партнери остануваат посветени и даваат бескомпромисна поддршка на борбата против организираниот криминал и корупцијата, на борбата против тероризмот и учеството во меѓународни мисии и се против прекршувањето на законите. Секое противправно однесување, однесување кое нема законски основ, или однесување кое е во спротивност со законите и со домашното и меѓународното право, ја нема поддршката од владините партнери и треба да биде третирано во соодветна процедура и санкционирано.

Граѓаните на Македонија се соочуваат со доста проблеми од најразлична социо-економска природа и оваа коалиција, свесна за овие предизвици, чии што интензитет е дополнително засилен заради големата европска должничка криза, ќе стори се да продолжи фокусирано да се справува со нив, испорачувајќи ги најдобрите можни решенија, мерки и реформи.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов