Груевски: 600 милиони евра земјоделски субвенции и рурални развојни зони

Од:

Нови 600 милиони евра субвенции за земјоделците, 60 проценти кофинансирање за осигурување на посевите и 80 проценти покривање на трошоците за инсталирање на системот „капка по капка“ најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ 4 Никола Груевски пред жителите на Општина Могила.

На собирот во оваа општина Груевски истакна дека Изборната програма за периодот 2016-2020 е подготвувана долго време и во консултации со експерти и луѓе од општините со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да се решат главните приоритети во секое населено место.

– Не сакаме да ги лажеме луѓето, сакаме да бидеме реални во ветувањата. Направивме точна филигрантски прецизна пресметка што е возможно, а што не е возможно. Возможното ви го ветуваме, а она што не бевме сигурни дека можеме да го реализираме не го ветивме. Многупати кога се создаваат услови знаеме да изненадиме и со работи кои не сме ги ветиле, а сме ги исполниле. Вие го знаете тоа и на многу места е направено и сигурно ќе има и нешто такво, рече Груевски.

Тој посочи дека голем дел од Изборната програма е посветен за развојот на земјоделството и во тој контекст спомена дека за системот „капка по капка“ со кој се добиваат поголеми приноси се предвидува државата да даде поддршка од 80 проценти. Исто така, за оние сточари кои ќе набават високоприносен добиток се предвидува да им бидат покриени 80 проценти од трошоците за набавка на ваков добиток. Финансиските средства за овие две намени, како што рече Груевски, веќе се обезбедени со Буџетот за следната година.

Пред жителите на Могила Груевски го презентираше и проектот „Рурални развојни зони“ со кој се предвидува секој граѓанин кој ќе сака да почне нов бизнис во следните 10 години да биде ослободен од персонален данок на доход и данок на добивка, 50 проценти да не плаќа од придонесите за здравствено и пензиско осигурување, а за секој нов вработен да добие финансиска поддршка од 2.000 евра и за целата нова инвестиција што ќе ја направи ќе добие 10 проценти грант од државата.

За општина Могила, напомена Груевски, се планира водоснабдување од хидросистемот „Стрежево“, за што ќе бидат инвестирани 3.300 евра, а ќе се овозможи водоснабдување на околу 3.000 хектари земјоделско земјиште во седум населени места. Во Програмата е предвидено и темелно чистење на коритото на Црна Река, реконструкции на локални и регионални патишта, изградба на систем за топлификација за Битолскиот регион, нови спортски сали, модуларни училишта и нова детска градинка.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226