Груби: За решевање на спорот со нашиот јужен сосед очекуваме директна помош од САД

Од:

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, кој престојува во САД, во Белата куќа оствари средба со Специјалниот Советник на Заменик Претседателот на САД Мајк Пенс, Моли Монтгомери.

Груби и Монтгомери разговараа многу отворено и искрено за политичката ситуација во нашата земја и предизвиците пред нас во однос на реформите и ЕвроАтлантската интеграција.

Пратеникот Артан Груби изрази благодарност за стратешкото партнерство и поддршка на САД за Република Македонија низ сите години и истакна убеденост дека таа поддршка нема да изостане ниту во овие пресудни времиња.

Монтгомери наведе дека САД ги поддржуваат ЕвроАтлантските стремежи на Македонија, дијалогот со соседите и реформската агенда што треба да овозможи владеење на правото, демократско владеење и кредибилни институции. Таа го нагласи оптимизмот на Белата Куќа околу позитивните вести кои што доаѓаат од Македонија и го истакна моментот на огромна можност за реализација на нашите заеднички цели.

Груби повтори дека коалицијата ги решава своите домашни задачи за им помогне на нашите пријатели да имаат што е можно посилни аргументи за нашиот случај. Реформите, исполнување на сите очекувања од Брисел, Охридскиот Договор и добрососедството се на одличен пат да се реализираат целосно.
Но сепак, ни преостанува уште спорот со нашиот јужен сосед за кој што очекуваме директна помош од САД во правец на изнаоѓање на достоинствено решение.

Оваа година е пресудна, клучна и историска затоа што сме најблиску до конечно решение, а веќе следната година е изборна во Македонија и Грција, но и во Европската Унија при што ќе добиеме нов Европски Парламент и Комисија.

На крајот, Груби испрати покана до заменик претседателот на САД, Мајк Пенс да ја посети Македонија што е можно поскоро.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези