Груби: Реформите во земјата не може да бидат жртва на пандемијата

Од:

Владата останува посветена на остварувањето на своите стратешки цели, и на исполнување на обврските на земјата кои произлегуваат од нејзиното целосно членство во НАТО, како и на забрзувањето на процесот на членство во Европската Унија., изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на денешната средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија Рејчел Галовеј.

Како што соопштија од кабинетот на Груби, тој за време на состанокот со Галовеј, изрази оптимизам дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе прикаже еден добар мозаик на Република Северна Македонија во однос на застапеноста и обележјата на сите етнички заедници.

Првиот вицепремиер пред британската амбасадорка истакна дека правичната и соодветна застапеност е уставно право и дека треба да се почитува принципот: „Колку повеќе државата е лојална кон граѓаните, толку повеќе граѓаните ќе бидат лојални кон државата“.

Груби, исто така, се посочува, и соопшти на амбасадорката на Обединетото Кралство, дека патот до неселективна правда и владеењето на правото може да се постигне само преку целосна транспарентност и ветинг на јавните службеници, судиите и обвинителите. Тој на овој состанок, како што се наведува, ги споменал и случаите Сопот, Монструм, Алфа и малиот Алмир.

Амбасадорката Галовеј и Груби, исто така, разговарале и за транспарентноста и функционирањето на институциите за време на пандемијата и нивната посветеност за справување со неа.

Првиот вицепремиер Груби и британската амбасадорка Галовеј, се додава, разменија мислења и за актуелната состојба предизвикана од пандемијата КОВИД-19, за последиците од оваа состојба врз економијата и за сите важни демократски процеси во земјата. Двајцата, се наведува, се согласија дека реформите во земјата не можат да бидат жртва на кризата предизвикана од Ковид-19 и дека истите треба да се спроведат без никакви прекини.

Груби и Галовеј ,размениле мислења и за други политички теми во земјата и пошироко, стои во соопштението од кабинетот на првиот вицепремиер.

Би можело да ве интересира

Судење за „Државна лотарија“: Обвинителството презентира докази за злоупотреби – за одбраната тие се нејасни и контрадикторни

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Катерина Ѓуровски

Судот го одложи рочиштето за „Државна лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами, судењето продолжува на 18 септември

Перпарим Бајрами се предаде на „Блаце“, спроведен е во затворот „Шутка“

Горан Наумовски

По повеќе од една година мината во бегство: Перпарим Бајрами и се предаде на полицијата

Горан Наумовски