А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груби: Проактивен пристап за објавување на информациите од јавен карактер

by А1он14/03/2019 - 14:30377
Share0

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска одржа јавна расправа во врска со Предлог законот за слободен пристап на информации од јавен карактер.

Добивај вести на вибер

Претседателот на Комисијата Артан Груби истакна дека целта на оваа јавна расправа на Комисијата беше да се даде можност на поширок круг општествени чинители да ги искажат своите мислења по законот и во оваа фаза за да подобри текстот.

Тој информира дека има забелешки од претставниците на ОБСЕ кои предлагаат одредени подобрувања на текстот на овој Предлог – закон, притоа посочувајќи на потребата за додавање одредба дека тој се однесува на органи, кои главно работат со јавни фондови.

На јавната расправа воведно обраќање по темата имаше заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, кој истакна дека пристапот до информации од јавен карактер е демократско начело и право на сите граѓани во современите демократии, кое овозможува развој на транспарентна и отворена власт и ја зајакнува одговорноста на јавниот сектор, ја сузбива корупција и го зголемува легитимитетот на институциите и довербата на граѓаните во власта.

Во расправата учествуваа Данче Даниловска од Институт отворено општество, Маја Лазарова од Мониторинг Мисија-ОБСЕ, Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации и Александра Бујароска од Еколошко здружение на граѓани – ФРОНТ.

Во нивните дискусии заедничка беше констатацијата дека со предложениот закон ќе се подобри состојбата со слободниот пристап на информации од јавен карактер, бидејќи се внесени подобри решенија од претходното законско решение.

Но, сепак, истакнаа дека е потребен проактивен пристап во однос на објавувањето на информациите од страна на Владата на Република Северна Македонија, како и на нејзините институции и органи кои се должни да ги дадат овие информации, односно да се објавуваат поголем број на информации на веб страните.

На тој начин, би се намалиле и барањата и би се скратиле административните постапки. Исто така, беше посочено дека овој закон е важен и од аспект на слободите и правата на граѓаните за добивање на иформации од јавен карактер, но и од аспект на спречување и откривање на корупцијата од секаков вид во општеството.

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:56

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен