Груби: Правилна е одлуката Мерко повторно да биде кандидат за градоначалник на Струга

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска изјави дека е правилна одлуката Рамиз Мерко повторно да биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга.

– Одлуката е правилна и донесена по големи неколкумесечни истражувања кои ги направивме во рамки на ДУИ. Направивме посебни анкети во сите градови, и тоа по 1.000 луѓе анкетирани во секој од овие градови. И ни покажуваат дека имињата кои ги претставивме вчера всушност се најподдржани од сите граѓани. Но, не само од една заедница, туку од сите заедници, вклучително и со примерот на Мерко, рече Груби, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Државниот архив.

Сметаме дека со овие кандидати, како што нагласи, ќе бидеме апсолутни победници на локалните избори на 17 октомври оваа година.

-И затоа следствено на тие резултати донесовме таква одлука, која ќе треба дополнително да се потврди на седница на Централниот совет, појасни Груби.

Одговарајќи на новинарско прашање, Груби рече дека на Државниот архив му се подобри подобри услови за да функционира.

-Сметам дека вака значајна институција за целата наша држава која е всушност институционалната меморија на државата навистина ќе треба да има посоодветни услови и затоа ќе треба да размислуваме, рече Груби. Додаде дека разговарале за некои можности со директорот на Државниот архив и за тоа кои се можностите на Владата за да се излезе во пресрет.

Би можело да ве интересира

Груби: Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот на Владата

(ВИДЕО) Русија е виновна за се во Македонија: Путин ни прави меѓуетнички тензии – Груби обвини, премиерот го поддржа

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски за Груби: Македонија во моментов ја води Македонец, а во предизборие ќе се изнаслушаме кој е главен

Орце Костов

Ковачески: Користењето на кабинетот на Груби за состанок на Ахмети не е злоупотреба

Груби и Бочварски станаа експерти за патишта: Со инженерската фела ќе дебитираат за„Бехтел и Енка“

Орце Костов

Здружената албанска опозиција: Колку милиони евра ќе се слеат на сметките на „Еуровиа“ и „Ак инвест“?