Груби: Нема договор за коалицирање со СДСМ, разговорите течат

Од:

ДУИ нема договор за коалицирање со СДСМ, вели портпаролот на партијата, Артан Груби за „А1он“. Тој не сакаше да каже детали, туку само посочи дека преговорите течат.

„Ние и натаму разговараме со СДСМ и се обидуваме да постигнеме договор. Доделувањето на мандатот е одлука на претседателот“, рече кратко Груби.

Груби вели дека негов личен, а не партиски став е дека Пендаровски го доделува мандатот на партијата со најмногу мандати, како што било праксата и претходно.

Инаку, шефот на државата, Стево Пендаровски, утре (четврток), мандатот за состав на Влада ќе му го довери на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Одлуката на Пендаровски доаѓа откако добил известување од Заев дека коалицијата „Можеме“ обезбедила мнозинство во Собранието.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби