Груби на Молитвен појадок во Вашингтон со Трамп

Од:

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, кој воедно е и претседател на групата за соработка со Конгресот на САД, од 6 до 11 февруари ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави. Од прес-службата на Комисијата информираат дека тој во Вашингтон ќе присуствува и на Молитвениот појадок на кој ќе биде и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Груби работната посета на САД ќе ја искористи да оствари повеќе средби со претставници од Белата куќа, Пентагон, американскиот Конгрес и од Стеј департментот. Исто така, во Вашингтон ќе се сретне со амбасадорот на Грција во САД, Харис Лалакос.

Груби потоа ќе отпатува и во Њујорк на работен ручек со медијаторот на ООН за името, Метју Нимиц, по негова покана.

„Оваа посета на Груби претставува можност за да се реафирмира силната американска поддршка на евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Истовремено, и одлична шанса Груби да информира за постигнатиот напредок на земјата во изминатите неколку месеци заснован, пред сè, на крупните реформски активности на Владата и на парламентарното мнозинство, но и на конструктивната надворешна политика, што значително придонесува за забрзано отворање на перспективите за интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Иран во ОН ги обвинува ИСИЛ и САД за насилство во земјата

Делси Родригез: Венецуела ќе соработува со сите земји, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина

Полицијата употреби солзавец и шок-бомби против демонстрантите во Минеаполис

Русија ги обвинува САД за ескалација на тензиите, поттикнувајќи „хистерија“ околу Иран

Мицкоски: Опозицијата продолжува со напади врз нашите стратешки партнери – сега на ред се САД

Европа испраќа 34 војници да го „одбранат“ Гренланд од САД