Груби- Медиу: Северна Македонија и Албанија заслужуваат почнување преговори за членство во ЕУ

Од:

Вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со претседателот на Републиканската партија на Албанија и поранешен министер за одбрана Фатмир Медиу.

Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на Груби, разговараа и за политичката состојба во Република Северна Македонија и Република Албанија, како и за други важни настани во регионот.

Груби и Медиу, како што се наведува во соопштението, разменија мислења и за соработката помеѓу Северна Македонија и Албанија со Соединетите Американски Држави, особено во областа на 5G мрежата, иницијативата „Три мориња“ и конструктивната и интензивна комуникација со нашите заеднички американски пријатели.

-Груби и Медиу оценија дека Република Северна Македонија и Република Албанија, како две земји-членки на НАТО, се движат во вистинска насока и дека целосно заслужуваат започнување на преговорите за членство во Европската Унија, стои во соопштението.

Вицепремиерот Груби и Медиу разговараа и за потребата од одржувањето на првата заедничка меѓувладина конференција на Северна Македонија и Албанија со Европската Унија, конференција која што ќе го означи официјалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Рама ги најави „дигиталните министри“ во Албанија

(ВИДЕО) „Бајрактар“ во Албанија сними намерно подметнување на пожар

Во Албанија е прогласена вонредна состојба поради пожари, туристите се евакуирани

Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“

Горан Наумовски

Три лица се повредени во пожар во Албанија, над 2.000 се евакуирани

Евростат: Албанија бележи најсилен пад на населението во Европа

А1он