(ВИДЕО) Груби: Имаме мнозинство и без Мемеди, но треба да ја повлече оставката

Од:

Изјавата на Весел Мемеди е избрзана, се надевам ќе размисли и ќе ја преиначи одлуката и ќе ја повлече оставката. Не учествував во разговорите, но колку што знам на НДП им е понудено министерско место без ресор, конкретно на местото на Шапуриќ, рече пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

„Видовте дека и без Мемеди имаме мнозинство“, одговори Груби на новинарското прашање како ќе се одрази оставката врз парламентарното мнозинство, но додаде дека повлекување на оставката би било за добро на партијата НДП.

Вчера Мемеди поднесе оставка од пратеничко место и најави повлекување на сите функционери од неговата партија, лут што го разрешија министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он