Груби ги прими првите честитки од официјална Тирана

Од:

Првиот заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан
Груби денеска ја оствари првата средба со албанскиот амбасадор во нашата земја Фатос Река.

Амбасадорот Река, како што информираат од кабинетот на Груби, во име на премиерот и претседателот на Република Албанија, му упати честитки на Груби за формирањето на Владата и за неговото именување во новата функција, посакувајќи му притоа успешна работа.

Река, се вели во соопштението, посочил дека нашите земји, традиционално имаат добри односи и дека истите треба да се продлабочат уште повеќе низ разни свери.

Република Албанија и Република Северна Македонија, како земји членки на НАТО Алијансата, ќе се заложат за реализација на заедничките проекти, а исто така, тој ја нагласи и соработката во полето на реализицијата на реформите за зачленување во Еворпска Унија.

Првиот вицепремиер Груби, информираат од неговиот кабинет, на средбата со Река се заблагодарил за честитките и за поддршката од официјална Тирана, истовремено изразувајќи подготвеност за продолжување на меѓусебната соработка.

Груби и Река, меѓу другото, дискутирале и за взаемната соработка и споделување на добри практики.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски