Груби-Абазовиќ: Членството во НАТО и аспирациите за ЕУ-интеграција влог кон стабилноста и развојот на регионот

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби оствари онлајн средба со вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на која двајцата разменија мислења за актуелните политички теми во земјата и регионот.

-Полноправното членство на Северна Македонија и Црна Гора во НАТО, пријателството со меѓународната заедница и особено со стратешките партнери на двете земји, Соединетите Американски Држави и заедничкиот пат кон Европската Унија се додадена вредност за развојот на регионот и особено за мирот и стабилноста, се согласија на онлајн средбата Груби и Абазовиќ за време на онлајн средбата.

Како што соопштија од кабинетот на првиот вицепремиер, двајцата заедно високо ја оценија соработката меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора, која, сметаат, е на одлично ниво.

Првиот вицепремиер Груби му честиташе на неговиот колега Абазовиќ за функцијата вицепремиер и за успешното спроведување на досега клучните политики кои одат во прилог на сите граѓани во Црна Гора. Тој нагласи дека Северна Македонија е посветена на исполнувањето на потребните реформи и обврски со цел што побрзото отворање на преговорите со Европската Унија.

Абазовиќ. пак, истакнал дека Република Северна Македонија е пријателска земја и стратешки партнер на неговата земја и дека односите со Скопје се изградени преку дијалог и добра соработка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места