Грозоморен чин: Tаксист силувал жена и се заканувал со самоубиство

Од:

T.T.(41), таксист од  Све­ти Ни­ко­ле е осом­ни­чен де­ка,  си­лу­вал три­е­сет и ед­но­го­диш­на со­гра­ѓан­ка пред згра­да­та на оп­шти­на­та во се­ло­то Пе­зо­во.

Според полоцијата, во са­бо­та­та, С.А. (31) до­де­ка из­ле­гу­ва­ла за на ра­бо­та, во дво­рот од ку­ќа­та од зад грб ѝ при­шол осом­ни­че­ни­от Т.Т.

Со ед­на­та ра­ка ѝ ја  по­крил ус­тата, а со дру­га­та ѝ ста­вил нож под гр­ло­то и на ­си­ла ја внел во авто­мо­би­лот „се­ат кор­до­ба“, сопс­тве­но­ста на та­кси-ком­па­ни­ја­та во ко­ја бил вра­бо­тен, и трг­нал кон Ку­ма­но­во.

Па­тем за­ста­нал пред оп­шти­на­та во се­ло­то Пе­зо­во.

Двај­ца­та из­лег­ле од во­зи­ло­то и во еден мо­мент та­кси­стот го зел но­жот и поч­нал да ѝ се за­ка­ну­ва на же­на­та де­ка ќе се убие, ста­вај­ќи го се­чи­ло­то на ве­ни­те од ра­це­те. Ко­га се отка­жал од на­ме­ра­та, ја тур­нал же­на­та на зад­ни­те се­ди­шта од авто­мо­би­лот и ја при­ну­дил на се­ксу­а­лен од­нос.

Откако го завршил грозоморниот чин, ја вратил девојката во Свети Николе. .

С.А. го при­ја­ви­ла слу­ча­јот, а по кра­тко вре­ме та­кси­стот бил при­ве­ден.

Пред истражните органи го потврдил сексуалниот однос со девојката, но на нејзина желба, и дека не станувало збор за силување.  Од по­ли­ци­ја­та ве­лат де­ка сѐ уште ра­бо­тат на утвр­ду­ва­ње на си­те де­та­ли око­лу слу­ча­јот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип