Гром усмрти 25-годишно момче од Тетовско додека напасувал овци

Од:

Гром усмрти 25-годишно момче од тетовско Долно Палчиште. Несреќата се случила вчера попладне, додека момчето напасувал стадо овци. Неговото безживотно тело било пронајдено од друг сточар, во близина на негово бачило.

„Вчера во 19.25 минути, во СВР Тетово било пријавено дека во месноста Карабунар атар на тетовското село Урвич било пронајдено безживотно тело на 25-годишен жител од тетовското село Долно Палчиште со иницијали Е.О. кој бил усмртен од удар на гром“, велат од СВР Тетово за „А1он“.

Момчето од дома излегло утрото околу 11 часот, а по извесен период, не одговарал на телефонските повици. Телото по наредба на јавен обвинител е предадено на семејството.

„Според пријавеното, Е.О. околу 11 часот се упатил се упатил кон Карабунар да го напасува стадото овци и по извесно време, тој телефонски не одговарал кај неговите најблиски кои се обиделе да го контактираат, по што друго лице, исто така сточар, во близина на нивното бачило го пронашол Е.О. без знаци од живот. Смртта ја констатирал лекар по судска медицина, во рамки на увидот извршен од јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Безживотно тело е предадено на семејството по наредба на јавен обвинител“, додаваат од полицијата.

Од гром вчера беа повредени пет лица на плажата „Оревче“ во Охрид, кои имале проблеми со слухот и изгореници. Громот удрил на неколку метри од брегот на Охридското Езеро. Повредените гости на плажата, седеле на три до пет метри од брегот. Во моментот кога удрил громот, немало невреме и дожд, па велат, ништо не навестувало дека ќе има таков силен удар.

Центарот за управување со кризи излезе со препораки и апел за наредните денови, за кога е најавено променливо облачно, врнежливо и посвежо време, претежно попладне наместа со пороен дожд и грмежи.

„Покрај потребата за превенција заради најавеното невреме со поројни дождови и ветар, до субјектите од системот за управување со кризи, ЦУК апелира и за лично граѓанско превентивно однесување за време и после невреме во одредени локални региони. Покрај препораката за градоначалниците и субјектите во Системот за управување со кризи за преземање превентивни мерки, неодминливо е да се апелира и до сите граѓани да не движат покрај речни корита и суводолици (за време и по локално невреме), заради можни брзи и ненадејни порои, да престојуваат и да се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени и секако, во случај на појава на грмежи и електрични празнења се препорачува поголема внимателност – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“, информираа од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство

Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание во двор

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп