ГРОМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за нова градинка, две спортски сали и реконструкција на улици – дури и кога проектите ги одобри нивната Влада

Од:

Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на Советот на Општина Карпош на која се гласаше ребаланс на Буџетот заради потребата да се вклопат одобрените проекти финансирани со унгарскиот кредит. Разбирајќи ја важноста и бенефитот што карпошани ќе го имаат од реализацијата на овие проекти некои советници се вратија од годишен одмор, со што покажаа зрелост и одговорност не само кон општината во која живеат туку и кон своите сограѓани.

По којзнае кој пат, сите ние доживуваме непријатност од односот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Тие не гласаа за многу битни проекти потребни на граѓаните на општината, а особено за најмладите жители, реагираат од ГРОМ.

Замислете не гласаа за нова градинка во Козле, за нова спортска сала со гледачи во ОУ Братство и за нова спортска сала во ОУ Димо Хаџи Димов. Не гласаа ниту за реконструкции на улици во Тафталиџе, во Карпош 2, во Бардовци и на други делов од општината. До каде оди нивниот инает, деструкција и заслепеност, покажува фактот што сите овие проекти се одобрени токму од нивните министри и од нивната влада, како издржани и потребни за карпошани. Значи, сите доставени проекти ни беа одобрени. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Адријана Јакимовски Панчевска, Предраг Станковски, Убавица Игнатоска, Благица Цветановска и Давор Грче не гласаа, (Христо Саракинов и Дејан Лазаревски беа на одмор) за подобрување на животот на граѓаните, дури и кога за тоа се сложува и го одобрува нивната влада и нивните министри.

Она што е најбитно да се знае е дека ни еден од овие дваесет и пет проекти не е предложен од член на совет на ВМРО ДПМНЕ што е нивна пракса за сите овие три и пол години инаку, нивни најголем дострел во предлагање на насушни проекти за граѓаните е да се постави сферно огледало во Бардовци, да се постави сообраќаен знак и да се направат нови гробишта во населено место помеѓу куќи! А, се извинувам, еднаш дури предложија и катна гаража, во населено место каде нема урбанистички план и не можеме да направиме проект, а истиот тој план тие одбиваат да го гласаат. Толку од нивната креативност, грижа за граѓаните и можам да заклучам дека овој мандат го крунисаа со не гласање дури и на проекти одобрени од нивната влада, вредни над 8 милиони евра.

П.С. Инаку, по триесет илјади денари паушал земаат секој месец, како награда за инаетот, ама и тој не им даде резултат.

П.С. Посебно сакам да се заблагодарам на советниците кои беа на висина на својата задача и се вратија од годишен одмор само да го поддржат развојот на општината и да го подобрат животот на граѓаните, а посебно на децата од предучилишно и училишно образование, како и на советниците на Левица, независните, на СДСМ и на ГРОМ, реагираат од партијата.

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност