ГРОМ: СДСМ ќе бара одложување и на новиот датум за избори

Од:

Со вчерашното одложување на изборите закажани на 24 април, и утврдувањето нов датум за изборно соочување на 5 јуни, за ГРОМ, како што потенцираат од партијата, и официјално се потврдиле црните прогнози за Пржинскиот договор, кој се претворил во голема „пржинска измама’’ на граѓаните на Република Македонија со учество на претставниците на меѓународната заедница во земјава. Од ГРОМ сметаат дека вчерашните случувања ќе се повторат и на 7 април кога ќе треба да се распишат изборите.

– Од 2 јуни минатата година, до 24 април, или период од 10,5 месеци, Државната изборна комисија не мрдна, ниту со мал прст во насока на прочистување на избирачкиот список. Затоа, во исто време, членовите на ДИК си слават Св. Валентајн, си одат на викенди и не работат попладне, безмилосно ги трошат народните пари, земаат плата од народот и лажат дека списокот не е прочистен, изјави претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

ГРОМ како политичка партија, истакна тој, е убедена дека на 7 април повторно ќе ја имаме вчерашната ситуација, кога СДСМ ќе одбива да учествува на избори, со изговори дека немало доволно време да се прочисти избирачкиот список, и дека медиумите не се регулирани.

– Повторно ќе се жалат и ќе плачат по амбасади и амбасадори. Амбасадорите и понатаму ќе вршат притисок за одложување на изборите закажани на 5 јуни, и се во недоглед, додека не успеат во намерата да инсталираат марионетска влада на СДСМ, која по затворањето на границите во Европа, ќе има задача да прими 500.000 бегалци и државата да ја претвори во огромен бегалски камп, вели Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Централна пошта да стане Градски инспекторат и Центар за урбано планирање

Катерина Ѓуровски

Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот, младите и културата – повторно симбил на Скопје

ГРОМ: Згрозени сме од одлуката на АВМУ Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори

Катерина Ѓуровски

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Од удар на гром во САД: Загина маж, 13 повредени, четири деца се хоспитализирани

Тројца загинати и четворица повредени – гром удри на плажа во Русија

А1он