ГРОМ ќе се залага за стабилна држава

Од:

Коалицијата ГРОМ вчера вечер ја побара поддршката од жителите на скопската населба Бутел, а за возврат на граѓаните од Втората изборна единица им вети држава во која ќе нема поделби, туку заедништво.

Пред граѓаните на Бутел истакнаа дека ќе се залагаат подеднакво за сите граѓани, како и за етнички и политички стабилна Македонија.

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски вети парламентарна група која ќе биде пример, како вистински треба да се бори за граѓаните.

Јакимовски вчера ги посети и жителите од скопските населби Жданец, Карпош 3, Нерези, Чаир и Аеродром, претставувајќи ја изборната програма на ГРОМ која, како што рече, нуди инфраструктурни решенија за скопските општини кои ќе го  подобрат животниот стандард.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија