ГРОМ ја поддржува иницијативата против изборно бележење

Од:

„Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ ја поддржува иницијативата на професорката Татјана Каракамишева што ја поведе пред Уставниот суд за укинување на законската одредба за бележење на палецот со видливо мастило за време на гласањето за избори.

Ставот на ГРОМ е дека е срамота во 21 век, кога другите земји во светот одат кон електронско гласање, и кога се развиваат најсофистицирани методи и технички решенија за верификација на гласачите, ние во Република Македонија се уште да се користиме со „средновековни методи“ на бележење на палци, што е застарен, но и понижувачки чин кон самите гласачи.

Инаку на ваквиот чин на бележење на избирачите реагираше и лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, уште за време на претседателските избори како на недостоен чин за една современа и демократска држава“, се вели во соопштението на ГРОМ.

 

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември