Гроган: Брзо решавање на недоразбирањата за позитивна перцепција во ЕУ

Од:

Ирска ја поддржува и охрабрува Република Македонија да продолжи со напорите за полноправно членство во ЕУ. Ќе работиме на ова со голема енергија.

Македонските државни институции и политички партии треба да направат се за надминување на актуелната политичка криза за да има позитивна перцепција во рамките на ЕУ, што би се одразила и во пролетниот извештај на ЕК.

Ова го порача амбасадорот на Ирска, инаку резидентен амбасадор во Букурешт, Романија, Оливер Гроган, кој ги претстави приоритетите и програмата за работа на ирското претседателство со ЕУ за периодот јануари – јуни 2013 годинана на денешната заедничка седница на собраниските комисии за европски прашања и за надворешна политика и членовите на Националниот совет за евроинтеграција.

Тој подвлече дека успехот на проширувањето на ЕУ е клучен предизвик за Ирска како земја која е членка 40 години, а по 7-ми пат е претседавач.

– Бараме сите партии брзо да ги решат нивните недоразбирања. Знаеме дека претседателот Иванов даде важна иницијатива. Политичкиот дијалог е важна, клучна политичка алатка. Многу важни времиња престојат пред Македонија. Ирското претседателство верува дека е ова историски момент каде треба да се донесат важни одлуки и тешки реформи и, иако се овие чекори тешки вие сте на чекор од надоградување на процесот на проширување. Сите партии од власта и опозицијата не треба да стојат настрана од овој процес, рече Гроган.

Пратеникот и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски во однос на политичката ситуација во земјата посочи во дебатата дека перцепциите се важни, но оти треба да се има предвид вистината.

Би можело да ве интересира

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он