Грковска: Жалам за повлекувањето на Блупринт групата: нивните сугестии на Законот во најголем дел се вградени

Од:

Со граѓанскиот сектор и со медиумите, само може да се унапредуваат политиките за добро владеење, и вие сте нашиот партнер во сите напори што ги правиме како кабинет. Жалам за одлуката на Блуприн групацијата, ги разбирам. Сакам во оваа прилика да им се заблагодарам и што покрај таквата одлука тие доставија сугестии за подобрување на текстот на Законот, којшто во најголемиот дел се вградени во текстот и да изразам надеж дека тоа нема да се одрази на нашата понатамошна соработка. Нашата понатамошна соработка ќе биде исто така на високо ниво како и до сега.

Ова денеска го изјави вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, одговарајќи на новинарски прашања пред Владата по настанот на одбележувањето на Денот на народното востание, прашана да даде коментар на повлекувањето на Блупринт групата од работната група за Законот за конфискација на имот со која работна група претседава Грковска.

На прашањето дали остануваат на законското решение, Грковска кажа дека „тоа е солидно законско решение коешто веќе го испративме во ЕК на коментари, и којшто подоцна ќе може во текот на јавната расправа сите заедно да го доведеме до фаза во која што ќе биде за предлог“.

-Ние уште од првиот ден ги доставивме сите анализи, сите документи врз основа на коишто беше изграден, напишан драфтот. Драфтот беше направен во соработка со сите институции, во рамките на работната група во Советот на Европа, која што јас ја затекнав како вицепремиер, меѓутоа кога дојде до фаза кога веќе имаме еден драфт и треба да се формализира работната група јас инсистирав вклучување на граѓанскиот сектор во формалната работна група. И затоа сакам уште еднаш да го изразам уверувањето дека таа соработка и понатаму ќе продолжи заради тоа на увид беа доставени сите документи, сите анализи коишто Советот на Европа нас ни ги овозможи, сите меѓународни документи врз основа на кои беше изграден и напишан драфтот, и сум убедена дека и со тие дополнителни забелешки коишто Блуприн групацијата ги достави. Имаме едно солидно законско решение коешто веќе го испративме во ЕК на коментари, и којшто подоцна ќе може во текот на јавната расправа сите заедно да го доведеме до фаза во која што ќе биде за предлог, рече таа.

Во врска со измените на Кривичниот законик, таа кажа дека тоа е друг процес, како што нагласи, „сосема различен од ова законско решение за коешто јас сум одговорна“.

-И вие знаете дека јас и за тоа законско решение изразив резерва и се уште стојам на тоа. Затоа и кажав дека ги разбирам, ја разбирам нивната реакција меѓутоа се надевам дека тоа нема да има влијание на соработката со Кабинетот, заради тоа што забелешките коишто одат во прилог на подобрување на текстот Законот за конфискација во граѓанска постапка најголемиот дел се граѓани во драфтот којшто го испративме до ЕК, и ние со сите политики и со сите активности до сега што сме ги преземале како кабинет сме докажале дека никогаш не сме го третирале граѓанскиот сектор како декор, напротив, секогаш сме инсистирале на соработка и нивната контрабуција ни била секогаш важна, рече Грковска.

Групата на граѓански организации за реформи во правосудството, Блупринт, денеска на прес-конференција соопштија дека се повлекуваат од процесот за изработка на новиот Кривичен законик. Алекса

Групата граѓански организации за реформи во правосудството Блупринт во понеделникот на прес-конференција соопшти дека се повлекува од процесот за изработка на новиот Кривичен законик, со оглед на „целосната состојба каде што се дава легитимитет на нелегитимното“.

Александра Цветановска од Македонското здружение на млади правници изјави дека клучната причина за нивното повлекување од од процесот се последните измени на Кривичниот законик од 6 Септември 2023 година, што беа предложени од страна на Владата.

Во ваква ситуација и состојба, додаде таа, сведоци сме на дрска злоупотреба на т.н. европско знаменце, европско право и казнени политики во овие рамки.

Таа исто така нагласи дека и нивната одлука за неодамнешното повлекување од работната група за изработка на нацрт предлогот за Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка е тесно поврзано со нивниот став за повлекување од процесот за изработка на нов Кривичен законик.

-Неспорно е дека и Кривичниот законик и Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка се суштински и тематски поврзани во борбата против криминалот и корупцијата. Оттука, доколку постои намера преку намалените казни во Кривичниот законик да дојде до застареност на кривичното гонење, а преку Законот за конфискација во граѓанска постапка да се создаде привид дека ќе се одземе нелегално стекнатиот имот, тогаш се работи за пристап со кој суштински и концептуално не се согласуваме, додаде Цветановска.

Измените на постојниот Кривичен законик во однос на насилството врз новинари се во собраниска процедура и тие треба да бидат усогласени со целосно новиот кривичен законик, кој веќе постои во

Од Министерство за правда, во писменото соопштение по повлекувањето на Блупринт групата, кажаа дека работната група за изготвување на новиот Кривичен законик е самостојна во своето работење и досега за ниту една одредба не е вршено влијание кај претседателот или членовите.

Оттаму потсетија на претходна напомена од ресорниот министер Кренар Лога дека ова работно тело не учествувало во измените на Кривичниот законик што Собранието ги донесе на 6 септември, а кои сè уште ја брануваат јавноста, бидејќи поради намалените казни за одредени кривични дела голем дел од предметите против функционери може да застарат.

-Во однос на ставот на Блупринт, сметаме дека не треба да се избрзува со постапките за предвремено излегување од работната група од причина што, како што беше напоменато, од страна на министерот за правда, Кренар Лога, работната група што го изготвува новиот Кривичен законик не учествувала во тие измени што се донесоа од страна на Собранието. Придонесот од граѓанскиот сектор е многу важен поради знаењето кое го има, долгогодишното искуство и вештините со кои располагаат, истакнаа од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Грковска: Не смее да се употребуваат државни ресурси во партиски цели во текот на кампањата

Грковска за ставањето на Анѓушев на „црната листа“ на САД: Очекувам домашните и меѓународните институции да ги преземат неопходните мерки согласно укажувањата

Катерина Ѓуровски

Ние сме мала земја со многу јавни тајни и малку разрешници, кажа Грковска на дебата за Законот за конфискација

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески

Еврокомесарот за правда изненаден од измените во Кривичниот законик: Намалувањето на казните и застарувањето ќе значи неосудување