„Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“ – Онлајн дискусија

Од:

ХОПС – Опции за здрав живот денеска организира онлајн дискусија насловена „Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“, како дел од кампањата Support. Don,t Punish.

Зошто е потребно да постојат програмите за намалување на штети од употреба на дроги, колку животи спасуваат овие програми, дали Владата и некои од општините ќе останат на определбата за нивно финансирање, дали иницијативата на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје за зголемено финансирање на овие програми преку средствата кои Министерството за здравство ги добива од акцизите за алкохол, пиво и цигари ќе добие поддршка од министерството, се само дел од прашањата кои ќе бидат дискутирани на онлајн разговорот.

Како што е најавено, на дискусијата ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, Елеонора Панчевска Николовска, раководител на Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Секторот за јавни дејности на Град Скопје, Влатко Деков, менаџер за застапување во ХОПС, Владимир Микиќ од Институт за јавно здравје и одговорен за мониторинг на Програмите за намалување на штети и правничката и адвокатката Наташа Бошкова како модератор.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on