Греењето на домовите најголем извор на загадување

Од:

Извештајот за квалитетот на воздухот подготвен од Интерресорската група составена од 17 државни институции и граѓански еколошки организации покажа дека греењето на домовите е најголем извор на загадување на воздухот.

Овој извештај вчера бил усвоен на владината седница, а во текот на следниот период се очекува заедно со препораките и мерките да биде презентиран пред јавноста.

Намалување на загадувањето ќе се остварува преку препорака за отпочнување на процес за евентуално враќање на исклучените граѓани од системот на централно греење во Скопје, законски измени со кои секој инвеститор при добивање на градежна дозвола да бида обврзан да приложи проект за начинот на затоплување на објектот, како и стимулации за нови типови на загревање како инвертер клими.

– Владата го усвои овој извештај во чија подготовка за првпат беа вклучени и граѓански организации, а кој се однесува на загадувањето на воздухот во Република Македонија, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан