Грчките земјоделци вечерва го блокираа преминот „Евзони“ за влез на товарни возила

Од:

Грчките земјоделци од северниот дел на земјата, вечерва го блокираа преминот Евзони (Богородица) кон Северна Македонија за влез на товарни возила.

Веста за МИА ја соопшти началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.

-Преминот Евзони е блокиран од 18.30 часот за влез на товарни возила и според информацијата од грчка страна блокадата ќе трае еден час, односно треба да заврши во 19:30 часот по македонско време, изјави Богев.

За времетрањето на блокадата не се пропуштаат камионите, односно како што беше порано кога на секои половина час по десет минути се пропуштаа возила.

Во изминатите денови иако имаше најави за блокади на Евзони од грчките земјоделци, сепак преминот остануваше отворен. Последен пат овој премин за влез во Грција беше блокиран на 20 овој месец.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар на грчка страна, затворен преминот „Евзони“

Катерина Ѓуровски

Блокада на премините кон Грција поради штрајк на грчките цариници

Катерина Ѓуровски

Грчките земјоделци утре на протест на граничниот премин „Евзони“, велат дека не отстапуваат додека не бидат исполнети нивните барања

Нормализирано е влегувањето преку преминот „Евзони“, тргната блокадата на грчките земјоделци

Горан Наумовски

Преминот „Евзони“ блокиран од грчките земјоделци, патници и камиони се пропуштаат по 10 минути на секој половина час