Грчките медиуми за изразената подготвеност на С. Македонија да прифати цивили од Авганистан

Од:

Изразената подготвеност како од Северна Македонија, така и од Албанија, да примат цивилно население од Авганистан, ја пренесуваат грчките медиуми во текстовите објавени на нивните онлајн изданија, јави дописничката на МИА од Атина.

„Северна Македонија ќе прими цивилно население Авганистан“; „Заев: Северна Македонија ќе прифати цивилно население од Авганистан“; „Северна Македонија и Албанија подготвени да примат бегалци од Авганистан“; „Албанија, Косово и Северна Македонија ги отвораат вратите за авганистански бегалци“, се дел од насловите на текстовите во кои грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на премиерот Зоран Заев.

-Северна Македонија изрази подготвеност да го прифати барањето на САД за да прими цивилно население од Авганистан. Премиерот на земјата Зоран Заев изјави дека Северна Македонија ги информираше САД дека е на нивно располагање за да помогне во спасувањето на граѓани од Авганистан, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

-Албанија, Косово и Северна Македонија, по барањето од САД, изразија подготвеност привремено да примат неодреден број авганистански политички бегалци кои ја напуштија земјата откако Талибанците ја презедоа контролата над главниот град, пишува онлајн изданието на весникот „Документо“.

За последните случувања и ситуацијата во Авганистан, во интервјуа за грчките медиуми говореше министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис и рече Грција е соодветно подготвена за да избегне голем мигрантски бран и додаде дека земјата не може одново да помине мигрантска криза како во 2015 година.

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска ќе учествува на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, преку неговиот официјален „Фејсбук“ профил коментираше дека единствено решение е динамична регионална иницијатива на ОН.

Би можело да ве интересира

Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

Нападната база во Кабул: Има мртви

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

A1on

ИЛО: Повеќе од половина милион Авганистанци од неодамна се без работа

Ана Ололовска

67 Авганистанци добија привремен престој во Македонија

А1он

Светска банка одобри 280 милиони долари за Авганистан

Ана Ололовска