Грчкиот обвинител побарал екстрадиција за Грујевски и Бошкоски

Од:

Грчкиот обвинител предложил да се екстрадираат во Македонија поранешните началници на УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, соопшти грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ.

Судењето ќе продолжи во петок, кога ќе биде соопштена и конечната одлука. Одбраната на Грујевски и Бошкоски според грчката агенција, тврдела дека не станува збор за вистински обвиненија.

– Според информациите, кога беа повикани да дадат исказ зошто не сакаат да бидат екстрадирани во ПЈРМ, изразија „страв за нивните животи“, додека пак тврдеа дека во нивната земја „нема да добијат фер судење“. Исто така ги негираа обвиненијата за кои што се товарат и го карактеризираа „политички“ нивниот прогон, пишува државната агенција АПЕ-МПЕ.

На барање на одбраната рочиштето беше затворено за јавноста.

– Нивната заштита е поважна од публицитетот, рекол минатата среда, адвокатот Костас Хаѕијоану, според грчката новинска агенција АПЕ- МПЕ. Ова негово барање според АПЕ-МПЕ тогаш го поткрепил со тврдењето дека Грујоски и Бошковски во нивната земја се изложени на ризик од закани и прогон.

Во случај советот на судии в петок да одлучи Горан Грујоски и Никола Бошковски да бидат екстрадирани во Македонија, тие, според грчките закони, ќе имаат право на жалба во Врховниот суд во Атина.

Би можело да ве интересира

Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад Аристотел во спомен на загинатите

Тројцата пациенти се во критична, но стабилна состојба објави директорката на Одделот за изгореници на солунската болница

Таравари: Сите пациенти хоспитализирани во Солун се во стабилна состојба

ВИДЕО: 46 килограми кокаин откриени во контејнер за банани во пристаништето во Солун

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес во Грција