Грчкиот амбасадор Харис Лалакос ја посети општина Битола

Од:

Амбасадорот на Република Грција во Република Македонија Харис Лалакос денеска ја посети општина Битола.

На прес – конференцијата амбасадорот Лалакос се осврна на досегашната погранична соработка на општините од двете држави, развојот на бизнисот и инвестициите во стопанството, а одговараше и на новинарски прашања.

Во врска со актуелната политичка состојба во Република Македонија и најавениот опозициски бојкот на локалните избори, амбасадорот Лалакос нагласи дека Грција е многу внимателна во врска со тоа да не создава мислење за домашните прашања во пријателска и соседна држава.

Амбасадорот на Република Грција во Република Македонија Харис Лалакос, и денеска изјави оти очекува решавање на спорот меѓу двете држави кој се води во Обединетите Нации.

– Се надевам дека спорот со името ќе се реши наскоро бидејќи грчката влада го има тоа официјално кажано дека е подготвена да се реши овој проблем. Ние веруваме оти соработката која постои меѓу двете земји во повеќе сектори може да биде вистински потенцијал што го имаме и прифатлива опција што ќе го донесе очекуваното решение за спорот, истакна Лалакос.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски