Грчки сајт го откри идентитетот на синот на политичарот уапсен со дрога

Од:

Грчкиот сајт bloko.gr, го објави идентитетот на синот на високиот македонски полиричар, кој вечерта на 30. април бил уапсен во Кукуш со дрога и кама во багажникот од возилото.

Се работи за син на човек од државниот врв, виден член на владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

20-годишното момче се подготвувало за забава на Халкидики за Велигденските празници, но „зачинета“ со дрога.

Количеството дрога, со кое македонскиот државјанин влегол на грчка територија, е мало, најверојатно за негова лична употреба.

trajko-grcki-sajt

Но, ригорозните закони за наркотични средства, кои се дел од глобалната светска борба со наркотици, диктираат строги казни, па Македонецот пред грчкиот суд ќе одговара за тешко кривично дело, за нелеглно поседување дрога и оружје.

Грчките власти закажале рочиште за 5. јули и синот на политичарот е пуштен да се врати во Скопје.

Тој, според, сајтот е прогласен за „persona non grata“.

Од МВР, откако во дел од медиумите почна да се пишува, рекоа дека немаат информации за македонскиот државјанин, кај кого е пронајдена дрога.

Ова, пишува сајтот, не е првпат, децата на политичарот, да му создаваат главоболка. Пред половина година, наведува, по медиумите имало скандал со фотографија на ќерката.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски