Грчки медиуми: На 12 април нова средба Димитров – Коѕијас

Од:

Шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на 12 април ќе остварат нова средба повторно во Скопје, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Извори од македонското МНР, за МИА пак, велат дека се уште не е одреден термин за нова средба на Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Грчките медиуми коментираат дека следната седмица ќе биде клучна за преговорите, а во тие рамки ја вклучуваат и новата средба на двајцата министри.

– На 12-ти месецов се очекува да се сретнат во Скопје двајцата министри, според сигурни извори. Да потсетиме дека господинот Коѕијас рече дека на следната средба веројатно и да се направи големиот чекор, објави грчката ТВ Алфа.

Како што објави МИА во саботата, медиумите во Грција, само неколку часа по завршувањето на разговорите во Виена, повикувајќи се на свои извори, пишуваа дека преговорите продолжуваат веднаш по Велигден, со средба на шефовите на двете дипломатии, а доколку постои напредок во разговорите, не е исклучена можноста да се одржи нова средба и на двајцата премиери.

Би можело да ве интересира

2.000 туристи евакуирани во Грција: Властите ги преместуваат посетителите на безбедно место

Драма во Грција: Македонец остави паричник полн со пари во ресторан, а потоа избувна паника

Горан Наумовски

ВИДЕО: Големиот шумски пожар на грчки остров е надвор од контрола, наредена е евакуација

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Српски туристи казнети со 150 евра во Грција – двете деца врзани со појас, третото не

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он