А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Грчки медиуми: Голема победа за партијата на Груевски на локалните избори во Македонија

by А1он25/03/2013 - 12:39124
Share0

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски извојува голема победа во првиот круг од локалните избори во Македонија, со што ја потврди доминацијата на политичката сцена во земјата, додека главната опозициска партија на Бранко Црвенковски се соочи со болен пораз.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова денеска го јавуваат сите грчки медиуми, известувајќи за резултатите од вчерашните локални избори во Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.

„Нафтемборики“ јавува дека победата на ВМРО-ДПМНЕ ја соопштил Никола Груевски по полноќ информирајќи дека кандидатите на партијата победиле во првиот круг во најмалку 25 општини, а имаат предност во 30 општини каде ќе се одржи втор круг гласање за две недели на 7 април.

Сите медиуми пренесуваат и дека Груевски изразил задоволство што изборниот процес поминал без проблеми, во демократка и мирна атмосфера, и на овој начин земјата направила важен чекор напред во однос на евроатлантските интеграции.

„Владејачката партија на Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) доминираше на вчерашниот прв круг од изборите во 81 општина во Македонија, додека главната опозициска партија на Бранко Црвенковски доживеа пораз и се пожали на нерегуларности“, јави телевизијата „Мега“.

Телевизијата додава дека, според досегашните резултати, во вториот круг ќе биде и крајната „битка“ за Скопје, иако кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски води со голема разлика.

Следете a1on на Youtube YouTube

Весникот „Етнос“ ја пренесува и изјавата на Црвенковски дека додека трае истрагата за жалбите на опозицијата за вчерашните избори, за опозицијата се отворени сите опции вклучувајќи и неучество во вториот круг од изборите.

„Прото Тема“ се задржува на „поплаките на лидерот на СДМС според кого вчерашните избори биле проследени со многу нерегуларности и нарушувања на изборниот процес“.

„Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски, која доминираше на вчерашниот прв круг од локалните избори, коментирајќи ги изјавите на лидерот на главната опозициска партија соопшти дека тие се паничен потег од страна на Црвенковски, кого го обвини дека бара изговор да го оправда тешкиот пораз на опозицијата на вчерашните локални избори“, пишува „Прото Тема“.

grcijaizbori

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он05/10/2026 - 10:11

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он05/10/2026 - 09:5705/10/2026 - 10:05

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 20:55

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски29/09/2026 - 10:4129/09/2026 - 15:44

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он28/09/2026 - 09:5528/09/2026 - 09:57

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он28/09/2026 - 09:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео