Грчки дипломат удри скопјанец на Партизанска

Од:

Грчки дипломат вчера прегази скопјанец на мотор на булеварот Партизански одреди нанесувајќи му тешки телесни повреди, извести телевизијата 24 Вести.

Несреќата се случила синоќа околу 18:30 часот кога Гркот со возило со дипломатски регистарски таблички удрил во мопедот кој го управувал 28-годишен скопјанец кој од ударот се здобил со тешки телсени повреди и веднаш бил пренесен на скопските клиники.

Според информациите на 24 Вести, возилото Сеат Ибица со кое е направена несреќата било управувано од грчки државјанин вработен во амбасадата во Скопје, а од грчката амбасада засега нема коментар за случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип