Грчката поддршка за европерспективата на Македонија останува непроменета, но со исполнување на поставените услови

Од:

Грчката поддршка за европската перспектива на Северна Македонија, како и на останатите земји од регионот, ја изрази и повтори портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Во однос на изјавата на алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитиадис Варвициотс дека „враќањето на националистичка реторика од соседите“, ќе доведе до „редефинирање на грчката национална позиција за поддршка на процесот на проширување на ЕУ“, Папајоану, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, дали тоа значи и можно вето од Ггрција, објасни дека и во самите заклучоци од Европскиот совет се вклучени и билатералните договори.

– Имаме кажано дека сме за почеток на пристапни преговори. Ова е завршено. И за Северна Македонија и за Албанија. Што се однесува на европската перспектива, не само на Северна Македонија, туку и на сите земји од Западен Балкан, постои познатата условеност, односно условите вклучени во заклучоците од Европскиот совет. Таму секако се и обврските што се однесуваат и на спроведување на билатералните договори и Договорот од Преспа, рече портпаролот на грчкото МНР.

Тој соопшти дека в понеделник Грција, односно грчкиот министер за надворешни работи, организира работен појадок во Брисел, во рамките на грчкото претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, на кој се поканети шефовите на дипломатиите на одредени земји членки од Европската Унија, како и високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел.

Говорејќи за неодамнешните средби на Дендиас, Папајоану рече дека на средбата со министерот за надворешни работи на Словенија, минатата седмица, од грчка страна биле потенцирани две пораки, едната дека ЕУ и државите членки од Унијата треба да сторат уште повеќе за пристапниот процес на Западен Балкан, а другата дека земјите од регионот мора да го почитуваат договореното.

– Постои едно разочарување кај земјите од регионот во однос на нивната европска перспектива. Нивните очекувања се намалени и затоа, ние веруваме, а за тоа се согласи и словенечкиот министер дека треба да се вложат напори за да се промени оваа негативна клима, рече Папајоану.

Тој го повтори и ставот на Дендиас дека владите доаѓаат и си одат, но државите остануваат, како и меѓународните обврски.

На новинарско прашање дали од Северна Македонија има прекршување на Договорот од Преспа, Папајоану рече дека тоа „беше, е и ќе биде прашање на агендата разговори“ на средбите со официјалните лица од кај нас, додавајќи дека оваа година Дендиас три пати се сретна со неговиот колега Османи, а станало збор и за конкретната тема.

– Но, дозволете да истакнам, да потенцирам, дека тоа е една од темите за кои разговараат. Разговараат и за други теми како што се развојот на билатералната соработка, трговија, енергија, транспорт итн. И секако грчката страна секогаш ги покренува прашањата поврзани со спроведувањето и секако бара доследно спроведување на договорот, рече Папајоану.

Паралелно, уште еднаш го повтори ставот на официјална Атина дека не ги коментира внатрешните случувања во други земји.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски