Грчева : Сведоци сме на евтино комедијантство, оставка од владата веднаш

Од:

Партијата Глас за Македонија, во ек на актуелен мега корупциски скандал кој ги зафати сите три власти: извршната, судската и законодавната, бара оставка и заминување на сите овие чинители, вели Солза Грчева, претседателка на партијата Глас за Македонија.

„Отстапете од власта и заминете во неврат од политичкиот и општествениот живот, поради доброто на државата и народот. Октроираната власт, која се претставува како власт на измислената творба “Република Северна Македонија“ погазувајќи ја најгрубо јасно изразената волја на народот, е посрамотена, без углед и морална основа. Сведоци сме на грубо кршење на човековите права, политичка и лична дрскост, евтино комедијантство, ограбување на фондови, уценување за пари, ненаситност, незнаење и злосреќа! Никакви поуки, добронамерни или не, не помагаат. Ова е точката од која не смее да има враќање. Оставка веднаш, стои во соопштението од Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска

Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Ана Ололовска