Грантови во вредност од 100 илјади евра за невладини организации во Гостивар

Од:

Во рамките на активностите на проектот на УНДП – Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан, во салата на Советот на млади на општина Гостивар, се одржа јавна дебата со претставници на невладини организации, при што се определија проектните области за кои ќе се примат апликации за грант.

Во рамките на овој проект ќе се доделат грантови во вкупен износ од 100.000 евра за активности во пет приоритетни области: Образование и социјална инклузија, Животна средина, Човекови права и недискриминација, Локален економски развој и Култура, уметност, млади и спорт.

Учесниците на оваа јавна дебата, ги избраа и 5 членови и еден заменик член на Комисијата за оценување, и тоа 2 претставници од УНДП, 2 од Општина Гостивар и 2 претставници од невладиниот сектор.

Претставниците на УНДП и Канцеларијата за локален економски развој и имплементација на проекти при Општина Гостивар, најавија дека во продолжение ќе се организираат инфо-сесии во кои сите заинтересирани организации ќе бидат одблизу информирани за формата на апликациите, како и ќе им се понуди асистенција за изготвување на квалитетни проекти.

Се охрабруваат невладините кои не учествуваа на оваа дебата, да стапат во контакт со ЛЕР канцеларијата во Општина Гостивар и да се вклучат во конкурсот за грантови.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар