Грант за реконструкција на тоалетите во ООУ „Аврам Писевски“

Од:

Општинското основно училиште „Аврам Писевски“ е добитник на грант во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, компонента 3 – обезбедување стимул на училиштата / реновирање во текот на 2019 година.

Секторот за развој при Општина Карпош ја подготви апликацијата за овој проект во соработка со Секторот за дејности од јавен интерес, со кој ќе се овозможи реконструкција на сите тоалети во училиштето „Аврам Писевски“ во Бардовци.

Добиен е грант од 1.200.000 денари од УСАИД, додека Општината ќе учествува со 300 илјади денари.

Реконструкцијата на тоалетите ќе се одвива во летниот период, при што еден од критериумите во повикот е во процесот на подобрување на условите да имаат вклученост и учениците, наставниот кадар и родителите, со цел да се изгради однос на грижа и заштита кон тоа што се создава.

Општина Карпош продолжува да работи на апликации за проекти од најразлични области, со што се обезбедуваат средства за подигнување на квалитетот на живот за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје