Грант од 50.000 евра за инклузивно детско игралиште во Влае 2

Од:

Општина Карпош доби грант од 50.000 евра за изградба на инклузивно детско игралиште. Игралиштето за деца со посебни потреби, ќе биде лоцирано до плоштадот Делфина (до постоечкото детско игралиште), во урбаната заедница Влае 2. Изведбата на ова инклузивно детско игралиште се очекува да започне во мај.

Финансиер на овој проект е Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) преку грант добиен од Скопски плански региони, а во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

Апликацијата за овој проект ја подготви Секторот за развој при Општина Карпош.

Во процесот на добивање на грантот беа организирани повеќе форумски сесии, каде што се разгледуваше оправданоста на предлог проектите и Општина Карпош беше меѓу прво рангираните локални самоуправи.

Со ова детско игралиште за деца со посебни потреби ќе се унапреди вклучувањето на овие лица во секојдневните, спортско – рекреативни активности. Исто така, се овозможува простор за правилен раст и развој на лицата со попреченост.

Во изминатиот период локалната самоуправа отвори и сензорна соба за учениците со попреченост во ООУ „Димо Хаџи Димов“, а намерата е да се продолжи со создавање на подобри услови за живот на лицата со попреченост на локално ниво.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски