Граничниот премин Богородица и околните казина три часа без струја и вода

Од:

Три часа од 9 до 12 часот денеска без вода и струја ќе бидат граничниот премин Богородица и објектите кои гравитираат околу него.

Од контролниот енергетски центар на ЕВН во Гевгелија информираа дека поради редовни проверки на трафостаниците, три часа без струја и без вода поради прекин на работата на пумпите од бунарското подрачје „Вардар“ ќе останат казината „Принцес“, „Сенатор“ и „Фламинго“ конзервната фабрика „Пајдаков“, бензинските пумпи „Лук оил“, „Макпетрол“ и „Шимов“, како и населените места Богородица, Стојаково и Селемлија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

Левица: ЕВН наплаќа „милиони“ за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија