Граничната полиција на обука за анализа на ризици и за новиот концепт за управување со ризици

Од:

Во рамки на проектот финансиран од ЕУ за „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“, во Центарот за обука во Идризово, се одржа интензивна обука за анализа на ризици во сферата на граничната контрола, како и за новиот концепт за управување со ризици.

Целта на проектот е да спроведе квалитетни обуки за гранично управување според востановените стандарди на ЕУ. Како што денеска соопштија координаторите на проектот, обуките се спроведени од страна на искусните професионалци и инструктори, Дарјо Цизел од Словенија и Гидриус Стрикулис од Литванија, и двајцата со повеќе од 10 години искуство во сферата на анализа на ризици во граничното управување и контрола.

Вкупно 12 полициски службеници од Гранична полиција, од централно и регионално ниво, мобилните едници на Граничната полиција, од Националниот координативен центар за гранично управување и Секторот за криминалистичко разузнавање и анализа, беа обучени да станат обучувачи за анализа на ризици и управување со ризици. 

Во текот на оваа работна недела ќе се одржуваат каскадни обуки во четирите регионални центри на Граничната полиција – во Скопје, Охрид, Кавадарци и Делчево, кои ќе бидат спроведени од страна на обучените полицајци, под водство и со поддршка на меѓународните експерти. Како што е најавено, во иднина ќе се организираат и редовни обуки за граничните полицајци на работното место.

Би можело да ве интересира

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава