Граѓански здруженија од Гевгелија бараат да се отфрли новиот закон за отпад

Од:

Здруженијата на граѓани „Промени се“ и „Спас за нас“ од Гевгелија за утре најавија двочасовно предупредувачко поставување барикади на влезовите во градот, од 9 до 11 часот, од кои ќе упатат барање до пратениците да го отфрлат предлогот на новиот закон за отпад со кој повторно се дозволува увоз на отпад за преработка.

Покрај ова, од барикадите, граѓанските здруженија од Гевгелија ќе порачаат надлежните министерства да не дозволат издавање нова дозвола за отворање на рудникот „Казандол“ затоа што јавноста веќе била вознемирена од можноста тоа да се случи поради што најавуваат дека се подготвени со жив ѕид и барикади да стопираат каква било рударска активност на југоистокот од земјата.

Граѓаните ,се вели во соопштението до медиумите, ќе им порачале на компаниите кои се занимаваат со загадувачка индустрија и кои безобѕирно покренуваат судски постапки против здруженијата на граѓани и поединци кои се борат да ја зачуваат животната средина и колективното здравје, дека со тоа ниту ќе ги замолчат, ниту ќе гу уплашат, туку дека ќе ги направат посилни и поодлучни во борбата за зачувување на своите огништа.

Доколку пратениците и надлежните министерства не ги послушаат нивните пораки, најавија дека со барикади ќе го блокираат целиот југоисточен регион.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он