Граѓански парламент во Струга

Од:

Граѓански парламент во организација на Сојузот за иднината предводен од СДСМ се оддржа синоќа во Струга.

„И покрај силните ветувања од страна на централната и локалната власт за Струга не беше предвиден ни еден денар ниту во претходниот буџет, а ниту во буџетот за 2013 година кој беше насилно донесен“, рече претседателот на Општинската организација на СДСМ – Струга Ристе Ќушкоски.

„Што бара Министерот за внатрешни работи кога се разгледува точка за буџет. Граѓанинот Трајко Велјаноски по пет основи ги прекрши Уставот на република Македонија, Деловникот и Законот за Собрание. Од овде го поставувам прашањето. Некој за ова ќе одговара жестоко. На сцена е диктатура и фашизам и ние имаме историска обврска на диктатурата да и кажиме стоп“, рече пратеникот во Собранието на Република Македонија Митре Велјаноски.

На граѓански парламент се обратија и младите стружани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО