Граѓански организации: Власта создава атмосфера на линч!

Од:

НВО Инфоцентарот, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Метаморфозис, ЦИВИЛ, Осми Септември, Македонскиот центар за европско образование, Плоштад Слобода, Центарот за современи уметности, Фронтот за слобода на изразување и ОКНО, изразуваат голема загриженост заради се почестите напади врз новинари, сопственици на медиуми и граѓански активисти кои имаат критички однос спрема власта и нејзините политики.

„Вчерашниот физички напад на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски врз сопственикот на порталот Мактел, Саше Ивановски, но и соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, претставуваат јасен и недвосмислен показател за атмосферата на линч и насилство во општеството, која постојано ја создаваат и засилуваат власта и нејзините приврзаници.

Вицепремиерот Пешевски, како висок функционер во Владата на РМ, треба да знае дека неговата приватност е многу помала од онаа на обичниот граѓанин и дека во секое време и на секое место треба да биде отчетен и транспарентен за својата работа.
Имајќи го предвид сето ова, бараме Пешевски да си поднесе итна и неотповиклива оставка, а надлежните институции да ги преземат сите мерки за расветлување и санкционирање на овој насилнички акт.

Едновремено, бараме надлежните институции да ги преземат сите мерки за откривање и казнување на сторителите и на сите други напади врз критичарите на власта, кои се случија во изминатите неколу месеци“, се вели во заедничкото соопштение на граѓанските огранизации.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми